Стапката на примена на насилство врз децата во Македонија е многу висока

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Сите од нас секојдневно гледаме насилство врз детето во семејството, за кое ние едноставно си молчиме. Јас многу пати сум била сведок кога родител ќе го потчукне детето, ќе го потскубне, па дури и ќе го потклоцне и тоа се случува на јавни места, во училиштата и во градинките, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во обраќањето на денешната презентацијата на Студијата за институционални механизми за заштита на децата од насилство.

 

„Тоа не е екстремно насилство, но тоа е насилство што остава последици врз секое дете и на тоа треба да работиме. Сите ние заедно да ја покренеме јавната свест, свеста дека родителството не вклучува и насилство, дека родителството не е педагошка мерка, дека со насилството правиме штета на детето, но правиме и штета на целото општество затоа што со тоа создаваме насилна култура на однесување. И тоа треба да го спречиме“, порача Царовска.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нагласи дека МВР е една од институциите која, согласно своите законски надлежности и обврски, ја има позицијата директно да се соочува и справува со последиците од овој тежок облик на криминал.

 

Тој рече дека од 903 кривични дела на семејно насилство минатата година, во кои се евидентирани 976 жртви, жените се поголем дел или речиси две третини од регистрираните жртви. Евидентирани се над 90 деца жртви на семејно насилство.

 

Според него, проблемот на децата како жртви на насилство е рефлексија на многу социјални, економски, воспитни, образовни, културолошки, семејни и други чинители за која, како што рече, и оваа Студија нуди јасна перцепција за сите аспекти на проблемот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи