Ќе се гради мини хидроцентрала во с. Острилци, Општина Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во село Острилци денеска започна изградбата на мала хидроцентрала која ќе ја гради фирмата „Сателит Електрик“ од Куманово. На отпочнувањето со градба присуствуваа градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски и директорот на ЈП „Комуна“, Наум Илиески. За градоначалникот Христоски ова е уште еден доказ за посветеноста на локалната самоуправа кон развој на целата општина.

 

„Денес сме тука со претставници од фирмата Сателит Електрик од Куманово и започнуваме со уште еден проект важен за граѓаните на општина Крушево. Ова покажува дека сме фокусирани на еднаков развој на сите населени места и градот“, изјави Христоски.

 

Покрај хидроцентралата во село Острилци, ќе се тампонира патот во должина од еден километар, а дел од зелените површини ќе се уредат со разновидни летни содржини.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи