На просторот пред Врховниот суд каде беше споменикот на Андон Јанев – Ќосето засадено е дрво – симбол на човековите права. Дрвото е од видот Гинко и чини пет илјади денари.
Град Скопје доби и подарок од збратимениот град Нинберг – плоча со изгравиран текст од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите Нации, за правото на праведно судење пред независен и непристрасен суд, која ќе биде поставена до дрвото.
За Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов овој чин е порака дека секој граѓанин има право на фер судење.
„Отстранувањето на споменикот и засадувањето на таканареченото дрво на човекови права на местото на постаментот-дивоградба е симбол на почитување на законитоста, правдата и правичноста“, истакна Шилегов.
Пред три месеци, Шилегов го тргна контроверзниот споменик на Андон Јанев Ќосето пред судовите, со образложение дека бил дивоградба.