ВИДЕО – Богоески : Неквалитетно сработена работа е причината за уривање на таванот во прилепската болница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Причината за уривањето на таванот во соба број 2 во хируршкото одделение на 6-ти овој месец е човечки фактор. Ова денеска го потврди директорот на прилепската болница Драган Богоески.

 

 

„Заедно со изведувачот и со надзорот на изведувачките работи, кои ги вршеа тие градежни работи во 2017 година, бевме на лице место да ги утврдиме причините поради кои дошло до рушење на овој спуштен плафон, во период кога на 06.05 околу 13 часот имаше поголемо невреме во град Прилеп. Притоа се утврди дека причината за попуштање на носачот кој ги држи гипс-картонските плочи е таа што држачите на тој носач не биле доволно квалитетно наместени и дошло до лизгање, односно испаѓање на носачот од тие челични држачи, што за последица имаше комплетно рушење на таванот во соба број 2 во хируршкото одделение“, истакна Богоески.

 

Според Богоескии заедно со надзорот и изведувачот, после утврдување на оваа состојба, било договорено комплетно да се санира штетата која е настаната во собата, а била донесена и одлука надзорот, заедно со изведувачот на работите да изврши проверка на сите останати делови каде има поставено спуштени плафони, се со цел во иднина да не се случи истото.

 

„Имавме среќа во несреќа, бидејќи собата во моментот кога се случи беше празна, а одговорноста би била во случај да имаше повреда на некој од пациентите или слично. Ние она што може да го побараме од изведувачот, бидејќи изведбените работи имаат гаранција од 2 години, негова обврска е да ја санира штетата. Воедно исто ние побаравме од изведувачот да се направи контрола и инспекција на сите изведени спуштени плафони, со цел да не дојди до ваков настан во иднина. Немаме некоја материјална штета на останатиот дел од мебелот во собата, единствено е штетата на спуштениот таван, кој изведувачот од сопствени средства ќе си го надокнади“, додаде Богоески.

 

 

 

Инаку прилепската болница се реконструираше во делот на санитарните јазли, реконструкција на лежечките соби како и оперативниот блок. Богоески вели дека реконструкцијата е солидно извршена и најави реконструкција и на други оддели.

 

„Од досега што имаме искуство од претходното реконструирање, може да се кажи дека во задоволителна мера се добро сработени работите. Се јавуваат некои ситници, некаде да дојди до капење на одводите на плафонот, значи од горниот спрат на долниот. Тие не се некои работи кои се многу присутни. Во ек сме и се спремаат зафати за реновирање на лабараторијата, реновирање на болничката аптека и реновирање на акушерското одделение, бидејќи ова одделение не беше опфатено со реконструкцијата од 2016 година.  После завршување на овие активности во овој период, за време на летниот период ќе следи и реновирање на амбулантите. И тие се пропуштени, каде исто така ќе се реновираат подовите, ѕидовите, плочките, санитарните чворови. Тоа ќе биде спроведено со лични средства од болницата“, потенцираше Богоески.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи