ВИДЕО – Катастофална е состојбата со лекари во прилепската болница, недостигаат минимум 30 специјалисти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Состојбата со стручен кадар во прилепската болница, е катасрофална недостиигаат минимум 30 специјалисти за нормлано функционирање на болницата, а постои опаснот и од затворање на цели одделенија порадии немање на лекари. Ова денеска на прес конференција го истакна директорот на општата болница во Прилеп, Драган Богоески. Според Богоески кадарот како и секаде во државата бил во катастрофална состојба, заради фактот што период наназад многу малку се има работено на општи доктори, многу малку доктори бииле упатени на специјализација, а старосната структура на докторите специјалисти на сите одделениа била над 50 години.

 

 

„Во моментов имаме стварно тешкотии во обезбедување на 24 часовно згрижување на пациентите во одделни одделениа, со оглед на тоа што недостасуваат специјалисти. Знаете дека од битолската болница доаѓаат специјалисти кои покриваат одредени термини, за да може непречено да се одвиваат работите во соодветното одделение. Инаку најкритично во моментов, како и секаде во државата, е на гинекологија, каде што располагаме со тројца специјалисти. Во ушно е исто критично, каде има само еден специјалист“, истакна Богоески.

 

Во моментов имало пратено лекари на специјализација, но не доволно за да се успее да се покрие бројот на лекари кој нефостига. Моментално се чекало на согласност за специјализации.

 

„Нареден проблем во градов, а и секаде во државата е бројот на млади доктори кои би ги ангажирале и би работеле. Нивниот број е сè помал. Значи во моментов имаме 65 специјалисти, а треба да има од 85 до 90. Проблемот тешко е решлив и со продолжување на ваквата состојба во нашата држава ќе биде уште полош. Одделение со еден доктор не може да функционира. Бараме начини, притискаме за да може да добиеме вработувања на помлади доктори, за да може да се упататат на специјализација. Значи прво треба да ги вработиме, па да ги пратиме на специјализација. Во тек е таа процедура за вработување на нови доктори и се надеваме во септември да завршат и упатувањата на специјализација, за да може да ја почнат годината младите специјализанти. Има моментално доктори на специјализација, но бројката на тие што ќе дојдат и тие што ќе заминат е во дискрепанца. Значи многу малку доктори ќе дојдат, а во наредните 5-6 години ќе заминат многу повеќе од тоа што ние можеме да пратиме да завршат специјализација “, додаде Богоески.

 

Богоескии нагласи и тоа дека специјалист не се гради преку ноќ, значи и после завршувањето на специјализацијата, на секој специјалист му требаат неколку години време за да се стекни со самодоверба во работењето.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи