ВИДЕО : ВМРО-ДПМНЕ : Царовска злоупотреби деца во политичка кампања, а Тодороски даде срамна изјава

Пред 2 дена, ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп побара одговор од градоначалникот, директорот на ЈОУГД “Наша Иднина” и министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска за скандалозните списоци кои излегоа во јавност, на кои можеа да се забележат имињата на видни функционери од редовите на СДС Прилеп, како нивните деца имаат приоритет при згрижувањето во градинките, за разлика од децата на обичниот граѓанин.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Она што го добивме како одговор од директорот Орце Тодороски, беше една срамна изјава, со која се навредува интелигенцијата на секој еден нормален човек. Цитирам :

 

„Ние имаме листа од 500 деца кои стојат јавно, секој може да ги види и на тоа пишува име и телефонски број и секој од родителите кога ќе дојде толку што е среќен дека ќе му биде детето примено во градинка го грешава бројот и ние за да го знаеме кој е го пишуваме името”.

 

Со ваква изјава која се коси со било каква логика, само се потврдија нашите сомнежи дека локалната власт предводена од СДС, освен непотизам и дискриминација на сите полиња, нема што друго да им понуди на прилепчани. Ова ли е тоа „Едно општество за сите” кое го ветуваше СДС во предизборните кампањи? На ваков ли начин ќе градите демократско општество, со еднакви можности за сите граѓани?!

 

Отворањето на градинката помина со скандал што при доаѓањето на министерката Мила Царовска, видовме како дечињата во шпалир, со чоколадни бонбони во рацете, свечено ја пречекуваат пред влезот од градинката.

 

Прашуваме, кој е организаторот на ваквиот срамен пречек со кој се повредуваат правата на децата? Дали тоа е идеја на директорот, или воспитувачките? Дали министерката обезбеди изјави од родителите за нивните фотографии да се најдат на нејзината фан стана?! Дали Мила Царовска како министерка за труд и социјална политика не чувствува морална одговорност што злоупотреби деца во политичка кампања?!

 

Одговорност за ваквиот пречек со кој се прекршуваат правата на децата мора да има! Одговори за списоците кои сведочат за партискиот клуч за згрижување на дечиња во прилепските градинки мора да има! Прилепчани заслужуваат подобро!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи