ВИДЕО – Донација од 44 кревети за болницата во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вкупно 44 електрични болнички кревети и дополнителна медицинска опрема доби градската болница „Борка Талески“ од Прилеп во рамки на денешната хуманитарната донација од меѓународните организации „Пламен на Мирот“ од Виена,  Суверен болнички ред “Св. Јован од Ерусалим”, Ротари клубот „Прилеп“ од Прилеп и Лајонс клубот „Вардар“ од Скопје.  Донацијата е вредна околу 40 илјади евра.

 

 

„Дониравме околу 40 електрични болнички кревети кои што беа дел од болницата „Сент Џорџ“ во Лондон и беа донесени тука со помош на наши донатори. Овие кревети имаат употребна вредност, еден нов ваков кревет да се набави на пазарот чини околу 10.000 евра така што може да се пресмета колку би чинела донациијата доколку се нов креветите. Овие се користени кревети но се добро одржувани, тие се во добра функција, електриката функциониира, тиие може да се користат. Инаку идејата ни дојде со помош на донаторската куќа „Пламен на Мирот од Виена“ и се обидовме да собереме донатори кои што ќе ни помогнат да се спроведе оваа операција, сите овие кревети да се донесат од Лондон во Македонија. Не беше тоа воопшто ефтино“, изјави Жан Станоевски, секретар на „Пламен на Мирот Македонија“.

 

 

Директорот на болницата, Драган Богоевски, потенцираше дека околу 90% од креветите биле употребливи и дека тие ќе бидат распоредени во деловите за интензивна нега по соодветните одделенија.

 

„Оваа донација ќе биде од голема корист за нашата болница располагаме со стари кревети. Ова се креветии со електричен погон, со хидраулика, кои што се многу попрактични за функционирање и за одредување на позиција на пациентите која најповеќе им одговара. 90% од креветите се во функција ии ќе ги искористиме. Воглавно нивното распоредување ќе биде во деловите за интензивна нега по соодветните одделенија. Вишокот од тие кревети ќе се распореди таму каде што има потреба, тоа би биле претежно одделите за хирургија и ортопедија, интерно. Им благодариме за оваа донација на „Пламен на Мирот Македонија“. Се надевам дека соработката преку Ротари клубот Прилеп и оваа организација ќе продолжи“, изјави Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

За градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, од оваа хуманитарна акција голем бенефит ќе имале хоспитализираните пациенти.

 

„Јас како градоначалник секогаш и во иднина ќе се залагам за било каква донација која ќе им служи на граѓаните на Општина Прилеп. Јас доаѓам од општата болница, секогаш се чувствувам тука како домаќин и се она што е подарено во оваа болница со задоволство ќе го примам“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи