Даниел Крег стана најбогатиот таен агент 007

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Даниел Крег е најбогатиот Џејмс Бонд уште од создавањето на оваа франшиза. Тој за прв пат се најде на листата „Sunday times rich list“, каде стои дека заедно со својата сопруга имаат богатство од 141 милион евра.

 

Крег потпиша договор вреден 113 милиони евра за 25. продолжение од авантурите на славниот таен агент 007, поради што влезе во топ петте најплатени актери во светот на филмот.

 

Првиот актер кој го глумеше Џејмс Бонд, Шон Конери, заработи 96 милиони евра, додека богатството на претходните актери не е ниту близу до бројката од 90 милиони, а Крег сега стана првиот Бонд со заработка поголема од 100 милиони евра.

 

Кога станува збор за листата на најбогати луѓе, првото место сега и припадна на Селма Хајек, која заедно со својот сопруг имаат богатство во вредност од 5,8 билиони евра.

 

На врвот на оваа листа се уште и Џорџ Клуни, Мајкл Даглас и Даниел Редклиф, кој доминира меѓу младите ѕвезди кои стекнаа богатство снимајќи филмови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи