Пред аукцијата за продажба на специјалниот Хуракан кој Ламборџини му го подари на папата Франциско, се проценуваше дека автомобилот ќе постигне цена од 250.000 до 350.000 евра. Меѓутоа, очекувањата беа надминати и луксузниот автомобил беше продаден за 715.000 евра.
Специјалниот модел на Ламборџини е направен во одделението за персонализација на италијанскиот произведувач. Автомобилот е офарбан во бела боја, со златно жолти детали во чест на државните симболи на Ватикан.
Внатрешноста е кожна со црни и бели детали. Кога станува збор за моторот, тој остана непроменет во однос на регуларниот Хуракан, со агрегат кој произведува 580 коњски сили.
Папата Франциско кон крајот на 2017 година, кога го доби ова возило, го благослови автомобилот и се потпиша на овој единствен модел.
Парите од аукцијата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.