Заев: Со Ципрас до достоинствено решение за двете земји

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на својот твитер профил објави дека Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството, изразувајќи верување дека со грчкиот  премиер Ципрас може да се најде решение кое ќе го штити достоинството на граѓаните во двете држави.

 

„Очекуваниот датум за преговори за нашата земја ќе превенира стагнирање на реформите и на економските процеси, како и интензивирање на национализмот, и ќе го поттикне инволвирањето на трети страни во регионот“, додаде Заев.

 

Според планираното, Заев во 14 часот треба да има прес-конференција, на која би можело да се очекуваат првите сигнали за текот на разговорите со Ципрас. Дотогаш, од двете делегации молк за тоа што разговарале  Заев и Ципрас.,

 

Двајцата премиери се сретнаа на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Бугарија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи