Започна исплатата на субвенциите за тутун, денеска на сметките на тутунарите легнаа 22 милиони евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На сметките на тутунарите денеска легнаа 22 милиони евра. Државата започна да ги исплаќа субвенциите за тутунот од ланската реколта. За прва класа наместо 60 сега се исплаќаат 80 денари субвенција, а за втора класа 70 денари. За трета и пониските класи државата субвенционира 60 денари по килограм тутун колку што се исплаќаа до лани за сите класи тутун.

 

Годинава просечната цена на тутунот достигна 217, 6 денари за килограм или најмногу досега. Од Владата велат дека ќе се стумилирала и конкуренцијата преку измените во законот кој овозможуваат тутунарите директно да склучуваат договори со откупните компании.

 

Тутунот е еден од главните извозни производи од Макеоднија. Од него државата остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра. Од тутунопроизвидтсво  во земјава живеат околу 24.000 семејства.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи