На сметките на тутунарите денеска легнаа 22 милиони евра. Државата започна да ги исплаќа субвенциите за тутунот од ланската реколта. За прва класа наместо 60 сега се исплаќаат 80 денари субвенција, а за втора класа 70 денари. За трета и пониските класи државата субвенционира 60 денари по килограм тутун колку што се исплаќаа до лани за сите класи тутун.
Годинава просечната цена на тутунот достигна 217, 6 денари за килограм или најмногу досега. Од Владата велат дека ќе се стумилирала и конкуренцијата преку измените во законот кој овозможуваат тутунарите директно да склучуваат договори со откупните компании.
Тутунот е еден од главните извозни производи од Макеоднија. Од него државата остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра. Од тутунопроизвидтсво во земјава живеат околу 24.000 семејства.