Јапонски воз тргна 25 секунди порано, компанијата јавно се извини

Јапонска железничка се извини откако воз ја напуштил станицата 25 секунди порано од предвиденото, што е втор случај во неколку месеци. Операторот изјави дека големите непријатности кои ги поставиле на клиентите се навистина неоправдани.

 

„Нема изговор за големите непријатности што им ги направивме на нашите корисници. Темелно ќе се посветиме на нашата работа за ваков инцидент никогаш да не се повтори“, се вели во соопштението на компанијата.

 

Според Јапонија Тудеј, кондуктерот мислел дека закажано било возот да ја напушти станицата Нотогава во 7:11, наместо, како што навистина било планирано во 7:12. По затворање на вратите една минута пред планираното, тој сфатил дека погрешил, па можел да ја поправи срамната случка. Меѓутоа, на платформата немало ниту еден патник, па тој се одлучил возот да тргне дури 25 секунди порано.

 

Јапонските возови имаат репутација за екстремно точно, а се покажало и дека навистина имало луѓе кои очекувале да го фатат. Откако останале на платформата, тие му се пожалиле на операторот, па официјално извинување беше објавена неколку часа потоа.

 

Во случајот во ноември минатата година, кога воз ја напушти станицата 20 секунди порано од планираното, менаџментот на „Tsukuba Express“ исто така се извини за непријатноста. И во тој случај пораното заминување беше поради грешка на кондуктер, кој го згрешил времето на заминување, но тогаш немаше оставени патници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи