ВИДЕО – ВМРО –ДПМНЕ : Тепачки помеѓу наставници, катастрофална слика во сите училишта, неспособност на СДС на дело

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Состојбата во образованието е полоша и од времето кога заменик министер за образование беше Герамитчиоски од СДС. После партиските вработувања и спроведениот реваншизам ситуацијата станува уште полоша. Во овие шест месеци се нема спроведено ниту еден проект во ниту едно од основните и средните училишта во Општина Прилеп. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Според електронскиот систем за јавни набавки прилепски училишта немаат постапки за јавни набавки?!

 

Хигиената во училиштата е на алармантно ниво. Го прашуваме градоначалникот Илија Јованоски, дали поради ваквата ситуација во образованието не сакал да им ги продолжи мандатите на в.д. директорите на училиштата?

 

Дали не сакавте да им ги продолжите мандатите на в.д. директорите бидејќи не можеле да го положат испитот за директор?

 

Дали според него дел од в.д. директорите заслужуваат уште едно продолжување на мандатите по ваков колапс на образованието во Општина Прилеп?

 

Дали се ова вашите најспособни кадри? Јавно прашуваме,  дали се побарани средства од општината за реализација на некој планиран проект?

 

Дали некој од директорите доставил премер пресметка и предлог проект?

 

Дали сте свесни за состојбата во училиштата?

 

Катастрофалното работење во училиштата го потврдивте со тоа што во сите основни училишта ги сменивте в.д. директорите и ги поставивте педагозите за в.д. директори?!

 

Уште при нивното поставување Ве опоменувавме дека се незаконски поставени.

 

Градоначалниче Јованоски, Ве прашуваме што ќе превземете за физичката пресметка помеѓу претходната в.д. директорка и актуелната в.д. директорка во едно основно училиште во градов?

 

Ваквото ноншалантно владеење е на најголема штета на нашата младина. Заборавивте дека со привилегиите доаѓаат и одговорности па решивте да го уживате првото?

 

Го повикуваме јавното обвинителство, по допрен глас да спроведе истрага за неспроведување на законот за јавни набавки во училиштата, да спроведе истрага за оние директори кои покрај истечениот в.д. мандат потпишувале до моментот на нивната смена.

 

Исто така го повикуваме државниот пазарен инспекторат да превземе мерки во своја надлежност за катастрофалната состојба во образованието. Ваквото однесување мора да има одговорност!

 

На крај би сакале да им ја честитаме матурата на матурантите, на нивните родители и наставници и им ветуваме подобра иднина со промената на власта во Прилеп. Прилепчани заслужуваат подобро!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи