ВИДЕО – Заводот и Музеј Прилеп бара Спомен куќата на Конески да се внесе во редовните училишни екскурзии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Родната куќа на Блаже Конески, во прилепското село Небрегово под итно да биде вклучена во редовните тури на сите училишни екскурзии во државава. Ова е барање на Заводот и Музеј Прилеп, под чија надлежност се наоѓа овој Спомен Дом.

 

„До Министерството за образование и наука испративме писмо, доколку може овој Спомен дом на влезе во редовната програма на сите тие училишни екскурзии од целата државата, постојано да биде посетуван“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.

 

 

Иницијаторот за возобновувањето на родниот дом на Конески, Миле Спирковски, кој сега е водич во овој музеј вели дека доколку се реализира оваа идеја Куќата на Конески годишно ќе ја посетуваат над 300.000 студенти и ученици. Но за жал иако поминале месеци се уште немало одговор од МОН за ова барање.

 

„Како на пример во Германија, во сите училишни екскурзии задолжително е да се посети родната куќа на таткото на современиот германски јазик Гете или да не одиме подалеку, во соседна Србија секој ученик мора да ја посети куќата на Вук Караџиќ, во селото Тршиќ, мојата желба беше да дојдат тука над 300.000 ученици и студенти, нажалост тоа не се оствари“, вели Миле Спирковски, иницијатор за изградба на Спомен домот на Конески.

 

Денес Спомен домот на човекот основоположникот на современиот македонски јазик, човекот кој ги напишал македонскиот правопис и граматика, е заборавен и скоро воопшто и да не се посетува во текот на годината, освен за некои одбележувања. Тука може да се види неговиот опус, дела, етнолошка поставка, но и интересни детали за Конески.

 

Можеби ретко кој знае во почетокот ан 90-тите години кога Македонија се стекна со независност и сувереност на банкнотата од 1.000 денари беше ставен ликот на Блаже Конески. Банкнотата беше изработена и испечатена во прилепската печатница, но за жал од непознати причини таа беше повлечена и никогаш не ја виде светлината на денот.

 

Од Музејот се надеваат дека Спомен домот на овој великан набрзо ќе го завземе местото кое го заслужува.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи