Грчкиот Врховен суд го одби барањето на Македонија за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Според судот, тие остануваат во Грција и ќе бидат ослободени од затвор.

 

Врховниот суд во Атина одлучил дека двјацата не треба да бидат испорачани во земјава бидејќи нема услови тука да им се овозможи фер судење.

 

Сепак според грчките закони, последниот збор за екстрадиција на Грујевски и Бошковски ја има грчкиот министер за правда кој со негова лична одлука може да реши дали двајцата ќе бидат екстрадирани од Грција.

 

Последното рочиште за предметот „Таргет – Тврдина“ на СЈО во кое се обвинети Грујевски и Бошковски беше одложено за 19 јуни, бидејќи се чекаше наодлуката на Врховниот суд во Атина.

 

Грујевски и Бошковски илегално ја напуштија Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија.  Против нив се водат уште две постапки пред грчките органи. Едната е за лажните бугарски пасоши со кои тие сакаа да избегаат во Будимпешта, додека другата постапка е за барањето политички азил кои тие го поднесоа поради страв дека во Македонија нема да имаат фер судење.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи