Македонскиот национален комитет на меѓународниот совет на музеите оваа година одлучи годинава наградата музејски работник на годината да ја додели на прилеспкиот историчар Рубин Белчески. Наградата ја добива пред се за неговиот труд за изложбата „Ченто биографија низ фотографија“, но и за целиот негов друг општествен ангажман.
„Кога велам општествен ангажман подразбирам кустосот и историчарот да не бидат само во рамките на својата работна организација туку напротив да излезат од музеите, да бидат соработници на разни иинституции, на разни организации, соработник со вас медиумите, новинарите кој што го пренесувате нашиот глас на историчарите, кустосите, музејските работници, и секако без вас не би можеле да допреме целосно до јавноста. Во изминатиов период кога правев рекапитулација на мојот ангажман зошто сум ја добил оваа престижна награда секако дека моето учество во голем број на проекти, написи, трудови, по портали, списанија, весници, зборници и слично, кој оваа година е околу 20-тина текстови и се разбира ситни информации кои ги споделувам со јавноста, потсетување на јубилејни настани. Некој ќе рече не живееме од истосторија, да но јас имам една изрека „Историјата неја учиме само да го знаеме минатото, туку за да знаеме како да се однесуваме во иднината“, истакна Рубин Белчески, музејски работник на годината.
Од Заводот и музеј Прилеп велат дека се горди што годинава оваа награда ја добива еден од вработените во оваа установа.
„Денес имаме и една радосна вест од ИКОМ. Конкуриравме ние за проект кој се одвива веќе цела година. Се работи за изложбата на Методија Андонов – Ченто, која стана патувачка изложба. Посети веќе десетина градови, а имаме најава и желба за поставување и низ другите градови низ нашава држава. Рубин Балчески е номиниран за музејски работник за оваа година и денес ќе му биде доделена наградата за најдобар музејски работник“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.