Музејот во Прилеп се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на музеите со акцијата „Ноќите на музеите“. Со тоа утре од 19 часот па се до 01 часот по полноќ ќе бидат отворени сите 6 музеи во Прилеп : „Участакот“, „Галеријата на икони“, „Куќата на Кузман Јосифоски“, „Археолошката поставка“, „Музејот за тутун“ и „Спомен куќата на Блаже Конески“ во Небрегово. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Оваа активност е во склоп на поголемата манифестација, која ја одржува амбасадата на ЕУ во Скопје и оваа година е прогласена за година на заштита на културното наследство.
„Вчера имавме разговор, испративме и посмо до МОН да посетите на учениците влезат во наставна програма на сите училишта. Тие и сега ги посетуваат, но многу поретко. Писмото е со цел да се воспостави една пракса да може да влези во нивна редовна програма и да бидат поприсутни учениците во нашите музеи. За посетеноста, вие знаете дека посетеноста е на многу ниско ниво. Ние стоиме на располагање, отворени сме за соработка. Во тој контекст, дури и во редовната програма конкурираме со проекти за соработка со училиштата под наслов „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“. Претходните години имавме, како и годинава, и наша интенција е, а и на МОН, да се зголеми таа соработка со повеќе проекти и ние тоа ќе го направиме. Знаете дека во јуни се конкурира за програма за наредна година, ќе конкурираме со повеќе проекти од таа област“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.
Од сите музеи во Прилеп најголем интерес имало за поставката во Музејот за тутун.
„За тутунската изложба имаме голем интерес, и од странци и од домашни гости. Но хендикеп е тоа што поставката се наоѓа на таа локација. Моја желба е и јас би настојувал во овој период, ако останам на ова место, да направиме напор ние таа поставка да ја дислоцираме и да ја донесеме во центарот на градот, затоа што тоа е едно репрезентативно дело што треба секој да го посети, не со договор и закажувење. Тоа е покомплицирано, треба транспорт, треба носење на гостите, а кога е тука достапно секој ќе може да го посети и ќе биде отворен нон стоп“, додаде Атанасоски.
Атанасоскии истакна дека музејот моментално работел на повеќе проекти, а најави и многу чија реализација треба наскоро да започне.
„ Можам да ви кажам дека во моментов работиме на големиот проект на Трескавец, тоа е долгорочен проект. Се планира конаците да завршат до март 2019, но компанијата која работи најавува дека можеби ќе завршат и до крајот на оваа година. Формирани се комисии за изготвување на проекти за црквата, магарницата, трпезаријата, тоа се најважните објекти во тој комплекс и тој проект ќе оди неколку години. Археолошки не сме почнати, но во план е Стибера да се работи. За годинава имаме исто проект од министерството, тој е почнат и се работи за подолгорочен проект. Моментално се работи на евиденција на иконите, наша екипа оди на терен. Тоа истот така е долгорочен проект. Имаме проекти од областа на конзервацијата во Зрзе. Треба да се работи долната селската црква, живописот, веќе работиме трета фаза на ретуш и сме при крај со изведбата. Оградниот ѕид на истата црква го завршивме околу конакот. Имаме во план да работиме на Св. Ѓорѓи манастирот за конзервација на живописот. Манастир во Мариово имаме проект кој е со ноколкугодишна програма. При крај е изготвувањето за препокривање на манастирската црква во село Манастир, Св. Никола. Во фаза е исто така во припрема за објавување на тендери. Колегата Илија Ристески работи на проект за решавање на подот во црквата. Имаме проекти за живописот кој течи неколку години наназад, работиме конзервација и моментално е хамиската фаза. Тоа е хемиско чистење на живописот од соли и разни наслаги. Објавивме тендер за препокривање на куќата на Блаже Конески во Небрегово, како и внатрешно уредување. Исто така во фаза на работа е и споменикот Илинден во Крушево. Со него имаме проблеми со квалитетот на изведбата на самиот објект. Формиравме и комисија на мое барање, известени се и во министерството. Работи фирма која не е стручна. Се преземаат активности и се формираат комисии за да се одделат работите од уметничкиот дел и витражите на Борко Лазески од градежниот дел на објектот и керамичкиот во амфитеатарот. Мислам дека тоа е споменик кој треба да се работи студиозно, конструктивно да се работи на него, а не паушално да се трошат пари. Изведувачот веќе ги има пробиено роковите од договорот и можеме слободно да го раскинеме договорот со нив“, вели Атанасоски.
Атанасоски исто така потенцираше дека карабината на етнолошката поставка била готова, внатрешниот простор бил готов, останувало уште внатрешното уредување и поставување на поставката со сите тие предмети. Годинава требало да се работи проектна програма за етнолошката поставка, за од наредна година да се работиме на реализација и поставување на целата поставка.