Владата не го коментира предлогот Република Илинденска Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата што се појави во медиумите дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција  бил „Република Илинденска Македонија“.

 

Од Владата велат дека нема ниту да ги коментираат ваквите информации и се повикуваат на изјавата на премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во Софија дека „во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а за една од нив потврдено е дека може да биде прифатлива и за двете страни“.

 

„Заедно со премиерот Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија, кои македонската страна ги презентираше во последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји со релевантните политички фактори. Суштински разговаравме за неколку опции, при што утврдивме една опција, која може да биде прифатлива за двете страни. Продолжуваат консултации дома за да видиме дали е можно практично спроведување на ова решение. Ако е возможно, ќе имаме решение“, изјави Заев, по средбата со Ципрас.

 

И додека владата се воздржува од коментари, во медиумите и во Грција и во Македонија се шпекулира со „Република Илинденска Македонија“ како една од опциите за решение на прашањето за името.

 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа итна лидерска средба за деталите околу преговорите за името.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи