СДСМ : Владата воведува темелни реформи во образовниот систем

Криминалните политики на ДПМНЕ и Никола Груевски во изминативе години го руинираа целиот образовен систем. Партиските директори на основните и средните училишта во Прилеп, поставувани лично од обвинетиот екс градоначалник Ристески, беа само продолжена рака на криминалната власт. Велат во денешната реакција од О.О. на СДСМ Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп дека образованието во Прилеп се наоѓа во катастрофална состојба.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Класичен пример за тоа е ситуација во ОУ „Блаже Конески“ каде претходната директорка, Марија Дулеска, остави огромни долгови за неплатени сметки за струја, вода, нафта за греење, како и неплатени долгови за превоз на наставнички кадар, адвокатски трошоци по извршни решенија, за што долго време беше блокирана сметката на училиштето.

 

Само за трошоци по разни кафеани и угостителски објекти, екс директорката Дулеска оставила долг од 500 илјади денари.

 

Ситуацијата со менаџирањето на другите училишта во Општина Прилеп, од страна на претходните директори, била безмалку слична. Надлежните институции имаат обврска да го расчистат незаконското трошење на парите од училиштата во изминатиот период.

 

Вработените се охрабруваат и зборуваат за партиските притисоци од поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, за задолжителното присуство на партиските митинзи.

 

Новата локална власт ги санира наследените состојби и работи на проекти за подобрување на условите за учениците и наставничкиот кадар.

 

После децениското игнорирање на потребите за реформи во образовниот систем, Владата предводена од СДСМ воведува темелни реформи во образовниот систем“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи