ВИДЕО – Локвенец : 13 милиони евра влегоа во Општина Прилеп од субвенциите за тутун

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата предводена од СДСМ спроведува уште една клучна мерка од програмата. Започната е исплатата на зголемените субвенции за киилограм предаден тутун. Ова денеска на прес конференција го истакна Хари Локвенец, пратеник од СДСМ во Собранието на РМ.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Овие денови 20.880 тутунари по основ на субвенции добиваат вкупно 22 милиони евра. Од тие пари најголем дел, односно 13 милиони евра се влеваат во Општина Прилеп, како најтутунарски регион во државава.

 

Новиот систем на субвенции обезбедува субвенции од 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета, односно 4-та класа килограм предаден тутун.

 

Тоа значи зголемени и навремени субвенции за нашиите сограѓани, тутунопроизводители од Прилеп. За прв пат субвенциите се исплаќаат во вистински момент, тогаш кога им се најпотребни на тутунарите за да инвестираат во новата реколта.

 

Преку оваа мерка ја докажуваме нашата грижа кон земјоделците односно кон тутунарите. Докажуваме дека владата предводена од СДСМ го пвреднува трудот на земјоделецот, ја цени маката на  тутунарот.

 

Како владеачка партија остануваме посветени на развој на земјоделството и обезбедување на квалитетни услови за работа на тутунопроизводителите и земјоделците.

 

СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст, развој на земјоделието и повеќе пари за граѓаните. Зборот е збор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи