Синоќа околу 20.50 минути 27 годишниот прилепчанец Ј.Р. бил пронајден мртов на улицата „Бистра планина“. Според неофицијални информации Ј.Р. починал во домот на својата девојка, која и го пронашла како лежи на креветот без знаци на живот.
Веднаш била повикана итна помош и Ј.Р. бил однесен во прилепската болница, но и покрај обидите за реанимација лекарите не успеале да го спасат.
Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција која треба да покаже од што точно починал Ј.Р.
114