ВИДЕО – Уникатната перфекција на минијатурата во прекрасни дела од Емил Димоски

Професорот по физика Емил Димоски од Прилеп има уникатно хоби со кое се занимава веќе 15 години и вели дека е единствено од ваков вид во Македонија, а тоа е изработка на макети-минијатури од стари куќи, кои се изработени до вистинска перфекција. Стари ќерамиди, чардаци, прозорци, дрва, килими, низи со пиперки, се само дел од декорот на овие врвни уметнички дела. Тие се толку изработени прецизно што помислуваш дека навистина некој живее во нив. Најголем дел од овие макети биле вистински куќи кои постоеле во Прилеп и околните места чија архитектура пак Димоски се обидел на ваков начин да и ја пренесе на публиката.

 

 

„Повеќето куќи се од реалноста, постојат во руралните средини, некој се наоѓаат и во градот, но поголем дел од нив се разрушени и јас се обидував да ги доловувам такви какви што се, како разрушени чардаци, паднат дел од куќата, покрив паднат, детали работам и сакам да доловам што е можно помали и попрецизнии нешта. Како на пример покривот дали е со ќерамиди покриван или со плочи и слично. Јас настојувам попрецизно да ги сработам со пинцети и затоа дел од нив ги работам дури ии во лејки или црпки, кој како ги знае, а имам вакви куќи направено и во грне за грав“, вели Емил Димоски, уметниик.

 

Овие креации тој ги претстави на својата изложба во домот за култура „Марко Цепенков“ насловена како ( Не ) Заборав. Материјалите од кои се изработени овие дела се природни, а куќите се ѕидани како да ги граделе вистински мајстори.

 

„Бидејќи ги ѕидам како што се ѕидани и самите куќи, ако е со црвеника земја, јас ѕидам со таква, посветла, потемна, во зависност каква е куќата во реалноста. Ако се со плитар, јас си правам мали плитари и ги полнам со слама, исто како што се граделе порано“, додава Димоски.

 

 

Просечно едно дело го иизработувал 3 до 4 месеци, но имало и дела кои гии изработувал по 1 или 2 години, во зависност од инспирацијата. Димоски вели и дека макетите никогаш и не биле завршени како дела, секогаш можел да додава по нешто, тутун, низа со пиперки, черга преку чардакот, столчиња, маси и слично. Освен овие макети изработува и уникатни слики со природни материјали.

 

„Фотографиите се изработени од природни материјали, кога ќе се гледаат од далеку изгледа како да се цртани во некоја техника акварел, но кога ќе се застане блиску до нив ќе се види дека тоа се природни материјали. Јас користам земја во самите слики, разни треви, дрвца, самата земја јас ја сеам многу ситно, колку прашинка. Ако е крошна на дрво ја работам од танки жили на растение“, истакна Димоски.

 

 

Досега имал изработено 12 макети, 14 фотографии и други тродимензионални куќи. Вели дека пред се ги изработува за своја дуѓа, а не за бизнис и заработка.

 

„Целта ми беше да гии зачувам куќите и лично за мене да видам колку прецизно нешто можам да изработам. Целта со започнувањето на некое дело е јас да видам како можам да го изработам, не ми е целта да размислувам дали потоа можам да го продадам иили не. Затоа и неможам да одредам цена. Чисто е правено од љубов, од срцето, а имам и подарено неколку дела“, раскажува Димоски.

 

Наредна цел му била да започне со изработка на макети од околните прилепски цркви и манастири.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи