Собраниската комисија за надворешни работи денеска од Министерството за надворешени побарала списи за предлогот за решение на спорот за името што во саботата официјално го соопшти премиерот Зоран Заев – Република Илинденска Македонија, соопшти претседателот на оваа комисија Антонио Милошоски.
Во барањето потпишано од претседателот на комисијата Антонио Милошоски, се наведува дека за да се запазат принципите на инклузивност и отчетност наведени во ставот 8 на членот 6 од Законот за надворешни работи министерот во најкус можен рок треба да ги предаде сите барани списи.
„Многу е тешко да се изгради став кога немаме предлог и затоа сакаме како Комисија за надворешна политика да побараме од министерот за надворешни работи да ги достави списите на кои се базира овој можен предлог за да можеме да заземе став како пратенции и како Комисија за надворешна политика“, изјави Милошоски.
Пратеникот, кој доаѓа од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изрази надеж дека министерот Никола Димитров ќе ги испочитува пратениците.