Левица поднесе кривична пријава до премиерот Зоран Заев поради загрозување на уставниот поредок на државата. Го осудуваат Заев за прифаќање на „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба.
Според Димитар Апасиев, со официјалните изјави на премиерот од 17ти мај, државата е доведена во зависна положба од друга држава.
„Граѓанин кој ќе доведе државата во потчинетост од друга држава го сторува ова кривично дело. Се повикуваме на официјалните изјави на премиерот на Македонија и на премиерот на Грција. Со прифаќање на ерга оменс решение и изјавата дека ќе се стори сè да се прифати тоа, нанесена е штета и е доведена државата под зависност од друга држава. Бараме распит на пријавениот и процесуирање на случајот“, рече Димитар Апасиев од Левица.
Апасиев додаде дека предметот ќе се проширувал и против шефот на диполматијата, Никола Димитров за здружување и организирање, бидејќи и тој рекол дека се залага за решението.