Заев и Мицкоски утре на лидерски ТВ дуел, прв по повеќе од 20 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, утревечер во 20 часот на Македонската телевизија ќе излезат на дуел, прв меѓу лидерите на власта и опозицијата во Македонија по повеќе од две децении.

 

Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот под работен наслов „Една година власт, една година опозиција“. Заев и Мицкоски ќе се соочат за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…

 

ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи