„Свиркачите“ Лазаревски и Костовски номинирани за награда на ЕП

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, кои ги изнесоа бомбите од УБК поврзани со масовното прислушување, се номинирани за наградата „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“, што годинава првпат ја доделува Европскиот Парламент во чест на новинарката Дефне Каруана Галиција што беше убиена во експлозија во Малта.

 

Лазаревски и Костовски се номинирани од „Транспаренси Македонија“, но за нив се поднесени и независни номинации од новинарите Синиша Станковиќ и Жанета Скерлев, како и од коалицијата на укажувачи од ЈИЕ заради овозможувањето да биде објавена вистината за Македонија преку информациите за незаконито прислушкување од страна на поранешната власт во Македонија, беше посочено на денешната прес конференција на „Транспаренси интернешнл“ .

 

Како што истакна претседателката на „Транспаренси интернешнл“ Слаѓана Тасева се надева дека Лазаревски и Костовски ќе ја добијат наградата бидејќи овозможија вистината да излезе на виделина и да дојде до трансформација на власта во Македонија.

 

„Кога денес Европа им даде признание на овие храбри луѓе кои го заложија и своето работно место прво би рекла, зашто Ѓорѓи повеќе не работи во МВР, ја заложија својата слобода, безбедноста на своите семејства, зашто таков тип на информации како што тие објавија се многу сериозна закана за некого што уште повеќе е сериозна потреба да бидат тие заштитени за да не бидат изложени на опасност“, изјави Тасева.

 

Ѓорѓи Лазаревски, кој беше присутен на денешната прес-конференција, истакна дека се уште се соочуваат со стравови за својата безбедност и безбедноста на нивните семејства и додаде дека морал да ја напушти работата во МВР, а на неговиот колега дури и стрес му претставува и секојдневното појавување во јавноста поради што и не дошол.

 

Покрај Лазаревски и Костовски за добивање на наградата номинирани се и словачкиот новинар Јан Куцјак кој беше убиен во јануари годинава, основачот на „Викилис“ Џулијан Асанж, поранешната вработена во Пилатус банка, Марија Ефимова, и поранешниот вработен во Прајсвтер купер, Рафаел Палет. За наградениот е предвидена награда од 5.000 евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи