Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, утревечер во 20 часот на Македонската телевизија ќе излезат на дуел, прв меѓу лидерите на власта и опозицијата во Македонија по повеќе од две децении.
Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот под работен наслов „Една година власт, една година опозиција“. Заев и Мицкоски ќе се соочат за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…
ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот.