Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија во изјава за дописниците од Грција во САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц, не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози, и да одиме напред кон усвојување на еден стратешки план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, рече Коѕијас.
Никос Коѕијас, со оваа изјава индиректно го отфрла името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот односно името „Република Македонија (Скопје).
Грчката влада претходно го поздрави решението ерга омнес, нагласувајќи дека се направени позитивни чекори во преговорите со Македонија, но, оти двете страни се` уште имаат значителна разлика „пред да зборуваат за конечниот договор“.