ВИДЕО – Арсова : Најубавиот начин да се изгуби животот е на Монт Еверест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 5 годишнината од своето искачување на Монт Еверест првата девојка од Македонија која се искачи на покривот на светот, Илина Арсова, денеска пред прилепчани се претстави со својата изложба насловена како СПАМ, дела направени од домашен отпад. Таа на Еверест се искачи на 23 мај 2013 година во 3.15 минути. Вели дека таму условите се многу сурови. За загинувањето на вториот Македонец таму пред неколку денови, Ѓорѓи Петков, вели дека станува збор за чисто несреќен случај.

 

 

„Во конкретниот случај станува збор за срцев удар една од најчестите причини на жртви во високогорското планинарење бидејќи над 6.000 метри имаме помалку од половина од кислородот кој што ни е потребен, а додека пак над 7.500 метри имаме само 30% кислород кој ние потребен. Тука човек треба многу да биде ангажиран околу себе, да го слуша сопственото тело и сите тие интуитивни знаци кои доаѓаат треба да се следат“, вели Илина Арсова, уметник и планинар.

 

Арсова потенцира дека најтешката одлука на еден планинар е да се откаже од искачувањето на врвот, затоа во секој ваков слчучај станувало збор за личен избор.

 

„Тоа верувајте е многу тешка одлука за еден планинар, јас неможам да одам нагоре морам да одам надолу, но тоа значи и живот. Во овој случај нашиот планинар се одлучил дека може да оди нагоре, тоа е најубавиот начин да се изгуби животот според мене, тоа е избор, верувајте, не е случајност“, додава Арсова.

 

Првиот македонски планинар кој загина на Монт Еверест беше битолчанецот Димитар Илиевски Муратот на 10 мај 1989 година.

 

Смртноста на Еверест изнесува околу 10%, а додека на планинските врвови К2 и Анапурна смртноста е и до 40%. На Монт Еверест досега се имаат искачено околу 2.500 луѓе, не вклучувајќи ги тука Непалците.

 

Во светот има вкупно 14 врвови со надморска висина од над 8.000 метри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи