ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Дали Јованоски го доведоведува во прашање уписот на првачињата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Веќе трет ден бараме одговори што се случува во образованието во Прилеп! На конкретно поставените прашања не добивме одговор од градоначалникот Илија Јованоски. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со вашето молчење градоначалниче ги потврдивте нашите сомнежи за неспособноста на директорите кои што ги поставивме и распадот на училиштата во нивна надлежност.

 

Денес ве прашуваме, дали најдоброто решение за директор на ООУ „Кочо Рацин“ е сопругата на поранешниот претседател на ОО на СДС Прилеп, Сашо Велески, Елизабета Велеска? Очигледно животот кој го ветувавте дојде само за најистакнатите членови на СДС и нивната најблиска фамилија, што е доказ дека освен непотизам, нема што да им понудите на прилепчани.

 

Дали по завршувањето на мандатот на првопоставените В.Д. директори во основните училишта издадовте решенија за нови В.Д. директори? Дали на местото на старите В.Д. директори за нови В.Д. директори ги назначивте педагозите во основните училишта?! Дали ова го криете од наставниците во училиштата? Дали старите В.Д. директори се уште ја извршуваат функцијата В.Д. директор по истекот на решението дадено од градоначалникот Јованоски?!

 

Ваквиот скандал е уште поголем со назначувањето на педагозите за В.Д. директори, а токму тие треба да извршат упис на првачињата и да ги спроведат неопходните тестирања.

 

Дали со назначувањето на педагозите за В.Д. директори го доведовте во прашање уписот на првачињата во основните училишта?

 

Дали поради ова ќе биде пролонгиран рокот за упис кој што завршува за неколку дена?

 

Дали можеби педагозите извршуваат двојна функција, што е спротивно на законот?

 

Градоначалниче Јованоски, ветувавте транспарентност и им ја должите на прилепчани! Одговорете на прашањата кои ви ги поставуваме, а се од интерес на сите граѓани, особено од интерес на нашите најмали.

 

За ваквиот пустош во образованието направен во рекорден рок од 6 месеци мора да понесете одговорност! Прилепчани се ужаснати од вашата неспособност!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи