Две години затвор за Груевски за „луксузниот мерцедес“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Две години затвор за екс премиерот Никола Груевски, како обвинет во случајот Тенк, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра. Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски пак е осуден на шест години и шест месеци.

 

Судијката Добрила Кацарска образложувајќи ја осудителната пресуда истакна дека Груевски побарал од Гордана Јанкулоска да спроведе јавна набавка за мерцедесот, а таа го потикнала Ѓоко Поповски да ја фаворизира компанијата Мак Ауто Стар.

 

Таа истакна и дека Груевски ги потценил и омаловажил граѓаните бидејќи зад нивни грб во тајност го набвавил мерцедесот по лична желба.

 

„Чест е да се биде носител на јавна функција, а особено премиер. Легитимитетот го добил од граѓаните па заради тоа требало да се грижи за нивните интереси. Но, наместо тоа тој ги омаловажил и потценил“, истакна судијката Кацарската.

 

Груевски денеска не дојде на изрекување на пресудата. Беше застапуван од неговите адвокати. Одбраната на Груевски изрази незадоволство од изречената пресуда и најави жалба до повисоките судови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи