Родители во САД го тужат синот бидејќи не сака да се отсели од дома

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Родители на 30-годишен маж преземале драстични мерки со цел да го натераат својот син конечно да се отсели од нивната куќа во американската сојузна држава Њујорк – тие го тужеле.

 

 

Пред судот, родителите изјавиле дека тужениот Мичел Ротондо не плаќа кирија ниту помага околу куќните работи, а ја одбил и понудата на родителите финансиски да му помогнат околу осамостојувањето. Иако му упатиле веќе пет предупредувања за иселување, Кристина и Марк Ротондо велат дека нивниот син и понатаму не сака да го напушти домот.

 

„Има работни места дури и за некој со малку работно искуство како тебе. Најди работа, мораш да работиш нешто“, му рекле.

 

Од друга страна, Мичел тврди дека не добил доволен број предупредувања за иселување кои навистина би го приморале да најде друг дом, односно тврди дека законски, не бил известен дека треба да се отсели.

 

 

Тој ја нарекол тужбата на своите родители “одмазда” и го замолил судот да го отфрли целиот случај. Новото рочиште е закажано за крајот на мај, неколку недели пред неговиот 31-ви роденден, а до тогаш Мичел останува дома.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи