ВИДЕО – Годинава нема да бидат произведени очекуваните 28 мил. кг. тутун, тутунарите бараат повисока цена за 20 %

Поради сушата и проблемите со расадот оваа година нема да бидат исполнети очекувањата на откупувачите на тутун во Македонија да бидат произведени 28 милиони килограми. Ова е ставот на Сојузот на тутунарски здруженија на Македонија според кого токму поради овие причиини во државава оваа реколта немало да има повеќе од 23 милиони килограми на тутун. Тутунот моментално се расадувал и биле засеани околу 70% од предвидените површини. За 2018 година биле издадени 23.432 евидентни листови, а пријавена површина под која ќе се засади тутун била 14.669 хектари. Треба да се склучат околу 34.105 договори со тутунарите. Но бидејќи немало да се произведат очекуваниите 28 милиони киилограми на тутун бараат покачување за 20%.

 

 

„Во однос на лани немаме многу зголемување затоа што евидентно се гледа дека помладите не саката да го работат тутунот, се вработуваат по други фирми. А најмногу ќе зависи од временските услови. Ако продолжи вака сезоната ќе има намалување на тутунопроиизводството,  а не зголемување. Пример пред 2 дена имавме големо невреме во Општина Долнени, исто и Општина Долени ја зафати пред 2 дена невреме. Така што тие 28 милиони килограми тутун кои го очекуваат откупните претпријатија за оваа година нема да се оствари. Дел од откупните фирми ги имаат дадено договорите, а дел не, тактизраат. Ние како Сојуз баравме 20% покачување на цените, така што фирмите донекаде прифатија да тоа се слулува со анекс договори и на тоа ние се спротиставивме бидејќи со анекс договорот може да дојде до и намалување, а не само до зголемување на цениите. Ги повикуваме откупните фирми доколку сакаат да се зголеми или да остане на ова ниво би требало да покачат по 20% од класа. Значи нашето главно барање е цената да биде покачена за 20%, и намалување на разликата на класите. Со тоа ќе дојдеме зголемување на прва класа за 10%, втора класа 30%, и 20% зголемување на трета класа. Така што со тоа ќе се доближат и разликите на самите класи. Затоа што поголемиот дел од тутунот одии во втора и трета класа затоа сакаме да ја намалиме разлика помеѓу тие класи“, Кире Неделкоски, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија на Македонија.

 

 

Кире Неделкоски, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија на Македонија

 

Ориенталниот тутун моментално бил најмногу застапен во Македонија и Турција, но Турција не извезува таа го употребува за свои потреби. Таму тутуно производството паднало од 90 милиони килограми на 40 милиони килограми. Бугарија имала само околу 6 милиони килограмии ориентален ароматичен тутун. И Грција произведувала од 6 до 8 милионии килограми, но таму директно си го откупувал Филип Морис.

 

„Ние не можеме да интервенираме во цените туку само можеме да дадеме мислење. Откупувачите се должни до 20 февруари да достават изготвен договор со текст и понудени цени. На тоа ние треба во рок од 5 дена да му одговориме дали прифаќаме или не. Но ние даваме само мислење. На вториот состанок во стопанска комора по нашите анализи и укажувања дека тутунот не е социјална категорија туку економска категорија која директно влијае на производството. Со оглед на тоа дека Владата ги зголеми субвенциите и од таа гледна точка се водевме и укажувавме на откупувачиите дека ии тие треба да ја поткренат цената бидејќи нив тутун му треба. Значи Балканов фабрикацијата треба да ја задоволи со 120 милиони килограми тутун, кој во моментов го нема. И затоа ги очекуваме оние повисоки цени“, кажа Данчо Милески, член на Сојуз на тутунарски здруженија на Македонија.

 

 

Данчо Милески, член на Сојуз на тутунарски здруженија на Македонија

 

Најголем проблем за незголемувањето на количините бил тоа што младите луѓе веќе не сакале да садат тутун.

 

„Во општна Долнени пред некој ден имаше невреме во населените места Пешталево, Секирци, Црнилиште, Зрзе, Долгаец, Гостииражни и има направено штета. Во Долненска Општина 80% од тутунот е засаден, луѓето започнаа многу рано, но и рано ќе завршат. Но фирмите што очекуваат дека ќе се зголеми тутунопроизводството се лажат затоа што младите 30% веќе заминаа во странство. И не очекувам да има од 23 до 24 милиони килограми тутун“, рече Муса Ибраимоски, член на Сојуз на тутунарски здруженија на Македонија.

 

 

Муса Ибраимоски, член на Сојуз на тутунарски здруженија на Македонија

 

Новините со новиот закон за тутун се тоа што од следната година нема повеќе да се вадат евидентни листови, тоа отсега ќе биде директно со откупувачите. А тутунарите бараат исто така во иднина во новиот закон да биде вклучено и тоа да производителот пред време знае колкава ќе биде цената по килограм тутун за да знае со кој откупувач да склучи договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи