Стоби Флипс во роденденско пакување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со издавање на специјалното, роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.

 

 

Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на Стоби флипс во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет.  Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија Стоби флипс бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.

 

Роденденскиот Стоби флипс е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи