Владата ќе се реконструира во петок, на годишнината од формирањето

Facebook
Twitter
Email
Print

Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе се одржи во петок на 1 јуни. На дневен ред ќе бидат избор на нови членови на Владата, што мора да заврши до полноќ, а како втора точка е избор на заменици министри.

 

Изборот на нови членови на Владата се поклопува со годишнината од формирањето на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

 

За нови министри се предложени :

 

  • Рената Дескоска за правда,
  • Арбр Адеми за образование,
  • Асаф Адеми за култура
  • Бардил Даути без ресор

 

За заменици министри се предложени :

 

  • Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи,
  • Асим Муса за заменик министер за здравство,
  • Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика
  • Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски

 

Деталите за одржувањето на седницата беа дефинирани на денешната редовна понеделничка средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која повторно не присуствувал претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Претходно, за четврток во Собранието веќе е закажана седница за пратенички прашања во Собранието.

 

Други активности во Парламентот за неделава не се закажани, ако не се земе предвид редовната месечна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на медиумите.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи