Коѕијас: Со Димитров ја завршивме својата работа, на потег се премиерите

Facebook
Twitter
Email
Print

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, изјави дека во врска со преговорите за името министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција ја завршиле својата работа и дека сега на потег се премиерите на двете земји.

 

„Можно е денеска или утре преговорите да продолжат во врска со техничките и правните прашања кои мора да се разјаснат“, изјави Коѕијас по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

 

Тој додал дека кога ќе бидат решени техничките и правните прашања, тогаш останува на двајцата премиери да го постигнат конечното решение.

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, кој исто така учествуваше на состанокот во Брисел, за агенцијата АНА-МПА рече дека преговорите се во крајна фаза и дека очекува решение до ЕУ самитот на 28 јуни. Тој додаде дека консултациите продолжуваат на техничко ниво со правни експерти од двете земји.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи