Од ноќеска на полноќ горивата ќе поскапат за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2 денари за литар.
Со тоа, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 денари, а на дизелот 65 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 54 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,397 денари и ќе изнесува 34,534 денари.