Дипломатски спринт за името – Заев и Ципрас пред конечен договор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас што се очекува наредниве три дена ќе  го покаже резултатот од неколкумесечните разговори и консултации за приближување до конечно решение. Министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров вчера изјавија дека тие го завршиле својот дел од работата и дека сега договорот зависи од двајцата премиери.

 

Двајцата премиери, според информациите, ќе разговараат кон средината на оваа недела и тогаш ќе се знае дали ќе има решение пред состанокот на Европскиот совет, кој ќе заседава кон крајот на јуни. Или, пак, и оваа фаза од преговорите со Грција ќе заврши без решение.

 

Димитров вчера на работен појадок ги запозна министрите на земјите-членки на ЕУ со текот на преговорите за името, постигнувањата на Република Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските односи, како и со плановите на Владата и очекувањата во периодот кој доаѓа. По завршувањето на состанокот, Димитров рече дека разговорите се во крајна фаза и изрази надеж дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение.

 

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името вчера рече дека двајцата министри завршиле со она што го преземале од премиерите на двете земји.

 

„Ќе продолжат преговорите  на експертско ниво – она што треба да се реши се техничко – правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор“, вели шефот на грчката дипломатија.

 

Поддршка и охрабреност од последната рунда преговори меѓу Скопје и Атина за спорот за името, искажаа и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот и австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл.

 

„Консензусот е дека решение за името ќе биде пресврт за следните чекори во пристапниот процес за Македонија“, напиша Хан на својот твитер профил.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи