Заев: Референдум за името во септември или октомври

Facebook
Twitter
Email
Print

Името Република Северна Македонија не е договорено, рече премиерот Заев на денешната прес конференција. Тој појасни дека во разговорите со Грција усогласени се само принципите и начелата на договорот, а најави дека е можно уште вечерва или најдоцна до петок телефонски да разговара со Ципрас, по што ќе следи средба со државно политичкиот врв.

 

Во врска со планот за текот на наредните потези во спроведување на договорот, Заев рече дека ратификацијата на договорот во Собранието е планирана пред референдумот, затоа што во јули е самитот на НАТО, кога се очекува Грција да не го блокира членството на Македонија во Алијансата.

 

„Сите сме согласни дека референдум ќе има во септември или октомври кога очекуваме граѓаните да ни ги дадат насоките за нашето наредно постапување. Граѓаните сакаат да ги знаат ставовите на политичарите, што мисли премиерот, претседателот на државата, лидерот на опозицијата… Драго ми е што Грција ја сфати суптилноста на еден вака сериозен процес, дека нешто се менува кај нас, а не кај нив, и дека граѓаните мора да бидат прашани. Се надевам дека граѓаните ќе бидат одговорни кон иднината на Македонија“, рече Заев.

 

Според објавените точки во медиумите, покрај ратификацијата и референдумот, ќе има и уставна ревизија која би се случила по референдумот, а договорот би се потпишал во Преспа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи