ВИДЕО – Мариовско-Мегленски средби – Дали има воопшто надеж за Мариово ?

По 34-ти пат во манастирот Свети Илија во Мариово се слушна грмотот на тапанот и писокот на гајдата на традиционалните Мариовско-Мегленски средби. Но за жал како и повеќе години наназад Македонците од Меглен, соседна Грција не дојдоа. Дел поради тоа што врските со годиниите се изгубиле, дел за да не си прават проблеми дома.

 

 

„Целта на овиер средби е среќавање на мариовците иселени од овој крај во потрага по подобар живот и мегленците иселении присилно од Меглен за време на егзодусот. Овие средби овозможуваат тиие иселени луѓе да се сретнат“, вели Стојан Ѓуровски, претседател на здружение Мариовско-Мегленски средби.

 

Но затоа пак за прв годинава дојдоа Македонците од Пиринска Македонија и настапија со своја програма

 

„Имаме и машка група која во моментов не учествува, малку сме денес дојдени од нашата женска група“, рече Стоичка Бучкова, гостин од Пиринска Македонија.

 

 „Се надеваме дека ќе продолжите да не каните на вашите собири, да ги пееме заедно македонските песни. Денес ќе претставиме македонски песни од нашиот крај“, вели Елена Џупанова, гостин од Пиринска Македонија.

 

За жал овие слики на ора и млади луѓе во Мариово може да се видат само еднаш годишно. Тука се останати да живеат нешто повеќе од 200 жители.

 

„Мораше народот да се исели, немаше ниту патишта, ниту амбуланти, ништо немаше. А сега повторно да се врати животот назад во Мариово нема шанси“, изјави Димитрија Марковски, поранешен жител на с. Витолиште.

 

Последните жители кои живета тука велат дека Мариово целосно изумира.

 

„Селото Витолиште има уште само 50 жителии, а бевме 1.100, исто така иимавме и над 10.000 грла овци“, кажа Тошко Шипкоски, сегашен жител на с. Витолиште.

 

„Сега уште само тројца помлади иимаат стока. Другите се сите старии со возраст од над 70 или 80 години“, рече Стојан Врфцоски, сегашен жител на с. Витолиште.

 

„Ако се заинтересира државата за развој на туризмот и малку повеќе посвети внимание на луѓето кои остануваат тука, јас верувам дека не само што ќе останат луѓето тука туку и дел ќе се се вратат назад“, истакна Стојко Крајоски, поранешен жител на с. Витолиште.

 

Од Општина Прилеп велат дека и понатаму ќе ги поддржуваат овие средби.

 

„Јас лично како градоначалник ќе се заложам и ќе ги поддржувам овие средби и логистички и финансиски затоа што тоа значи живот за луѓето тука“, вели Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Но доколку државата не спроведе сериозна стратегија за овој крај Мариово за 10-тина години ќе прерасне во најголемата пустелија во Европа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи