Општина Прилеп парично ги награди најдобрите матуранти

Марија Спиркоска од СОУ „Орде Чопела“, Христијан Ржаникоски од гимназија „Мирче Ацев“, Марија Цветаноска од СОУ „Кузман Јосифоски- Питу“, Давид Лазароски од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Марина Талеска од СОУ „Ѓорче Петров“, се 5- те најдобри прилепски матуранти од учебната 2017/2018 година. Сите нив градоначалникот Илија Јованоски денеска ги прими во својот кабинет и им додели парична награда од по 6.000 денари. Јованоски истакна дека првенците на генерацијата градат успешна иднина и достигнуваат видни резултати на патот на својот професионален развој.

 

„Денес, во мојот кабинет беа присутни најдобрите матуранти и се надевам дека сите ќе се запишат на соодветниот факултет каде што сакаат. По тој повод, Општина Прилеп им доделува вредносен ваучер од 6.000 денари, како награда за успешниот ангажман во изминативе четири години“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

 

 

 

 

 

„Голема е честа да се биде првенец на генерација во гимназијата „Мирче Ацев“, а денешниот прием е голем гест од страна на градоначалникот. Ова претставува мотив да работиме и во иднина“, посочи Христијан Ржаникоски, најдобриот матурант од гимназијата „Мирче Ацев“.

 

„Задоволство е да се биде првенец на генерација. Голема благодарност до градоначалникот Илија Јованоски за укажаната чест. Моите идни планови се да да се запишам на Природно-математичкиот факултет“, истакна Марија Спиркоска од СОУ „Орде Чопела“.

 

Покрај паричната награда за најуспешните матуранти, градоначалникот Јованоски посочи дека за најдобрите ученици од сите основни училишта во градот и населените места, Општина Прилеп ќе организира еднодневна екскурзија во Охрид, со цел учениците да се запознааат и со дел од нашето културно наследство.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи