ВИДЕО – Во Прилеп се одржа традиционалниот гол бол – специјална игра за слепи лица

Можеби ретко кој од нас слушнал за играта гол бол или т.н. рол бол. Ова е игра која ја играат слепите и слабовидните лица. Во Прилеп денеска се одржа традиционалниот четворомеч на кој учествуваа екипите од Прилеп, Битола, Кавадарци и Скопје. Теренот е со должина од 18 метри и има гол пречник од 9 метри. Екипата е составена од тројца играчи. Богоја Јошев од Кавадарци се занимава со овој спорт веќе 20 години. Неговата екипа е 10 пати лидер во  Македонија.

 

 

„Топката е иста како фудбалска топка, но оваа има дупки и се слуша по звук. Играта се игра со врзани очи. Се носат специјални наочари, со нив ништо не се гледа. Во салата мора да биде тишина за да имаме ориентација каде оди топката“, рече Богоја Јошев, член на екипата од Кавадарци.

 

Специјалната топка за гол бол внатре содржи ѕвончиња за да може слепите лица да се ориентираат по теренот. По правило топката треба да се движи само по земјата.  Според Јошев во Македонија немало добри услови за развој на овој спорт за слепите лица.

 

„Немаме услови. Штом нема статива нема услови, салата не е гумирана, туку бетон или паркет и не се слушу добро топката“, истакна Јошев.

 

Слепите лица велат дека го сакаат овој спорт пред се заради дружбата и нивина поголема активност.

 

„Играме со топка која следиме со звук. Браниме така што се фрламе на подот. Ако топката ја помине линијата тогаш е гол. Дружењето е на прво место помеѓу членовите од другите градови, нашето здружение, доаѓаат гости од цела Македонија“, кажа Димко Колароски, член на екипата од Прилеп.

 

Од Општина Прилеп велат дека во иднина ќе се потрудел да обезбедат подобри услови за овие лица.

 

„Овој четворомеч помеѓу градовите Скопје, Битола, Прилеп и Кавадарци се одржува секоја годиина, ова можеби е 10-та година по ред како ииграме гол бол“, вели Благоја Мишески, претседател на здружение на слепи Прилеп.

 

„Секогаш ќе бидат поддржувани во иднина и се што треба ќе направиме за да е унапреди овој дел и овој спорт“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Слепите лица имаат и репрезентација во гол бол која што ја претставува Македонија на меѓународните натпревари.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи