Иванов: Борисов носи одговорност за откажувањето на средбата

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Бојко Борисов носи одговорност за откажувањето на средбата, но тој така не ја реализира основната цел на своето европредседателство, изјави на прес-конференција претседателот на Република Македонија, Георѓе Иванов по средбата со бугарскиот шеф на државата, Румен Радев, објавија локалните медиуми.

 

„Бојко Борисов е премиер на претседателството на ЕУ, и тој зборува за дијалог. Но, со овој негов гест тој зазема страна и не ја реализира основната цел на своето претседавање“, прокоментира Иванов.

 

Тој, очекувано, ја бранеше својата позиција против прифаќањето на договорот меѓу Скопје и Атина за името на Северна Македонија.

 

„Нашиот пат кон ЕУ и НАТО беше попречен од блокадите на нашиот сосед. Сите земји во регионот напредуваат, а ние стоиме во место. Затоа сите претходни влади изградија стратегија дека бараме решение, но тоа не треба да вклучува промена на Уставот и да не е ерга омнес. Сега сме обврзани со текст на договор за кој јас како претседател не знам ништо, а и институциите не беа информирани. Вчера изјавив дека спроведувањето на нашите стратешки цели не може да биде алиби за лоши и штетни договори за Македонија. Треба да најдеме заедничко прифатливо решение, а не такво што е компромис за Македонија“, изјави Ѓорге Иванов.

 

Тој му се заблагодари на својот бугарски колега за добрите билатерални односи што ги демонстрираа Скопје и Софија.

 

„Благодарам што оваа посета се одвива во многу чувствителен момент. Во такви ситуации се познаваат вистинските пријатели, затоа ви се заблагодарам за тоа пријателство. Благодарни сме на Бугарија дека како претседавач на ЕУ го врати регионот на мапата на ЕУ, која, бидејќи е премногу зафатена, малку обрнува внимание на проблемите овде. Резултатите од Договорот за добрососедство ги гледаме и во економијата, и во трговијата, и во туризам, и во инвестициите“, рече тој.

 

„Ние сме членки на ОН не само за привилегии, но и за право. Таму е загарантирано правото на самоопределување и очекуваме секоја членка на ОН да го почитува ова право. Ние не можеме да бидеме ништо друго, освен тоа, дефинирано од нашите предци. Ние сме Македонци и ќе останеме Македонци. Најдовме решение со Бугарија, овој пример треба да го следи и Грција“, одговори Иванов на прашање на новинарите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи