Популарниот „бластер“ што го користеше Харисон Форд во улогата на Хан Соло во култниот ,,Војна на ѕвездите” е продаден за 550.000 долари на аукција во Њујорк.
Станува збор за еден вид пиштол, направен главно од дрво, кој во изминатите 30 години беше во сопственост на сценографот на филмот Џејмс Шоп, кој за својата работа беше номиниран за Оскар во 1984 година. Тој го продаде и „лајтсејберот“ , кој го користеше Марк Хамил во првите два продолжетока на ,,Војна на Ѕвездите “ за неверојатни 450.000 долари.
Шоп на аукција понуди и други четириесетина предмети поврзани со легендарниот филм. Меѓу предметите е и евокс секирата, која достигна цена од 11.250 долари.
Сепак најскапо продаден предмет поврзан со ,,Војна на ѕвездите” е друидот R2-D2 , кој минатата година на аукција во лос Анџелес е продаден за 2,76 милиони долари.