ВИДЕО – Јованоски : Со добиената поната за НАТО и датум за преговори со ЕУ нашата земја чекори во ново време

Македонија доби покана да стане член на НАТО и има датум за преговори со ЕУ. Со добиената поната за НАТО и датум за преговори со ЕУ нашата земја чекори во ново време. Се изборивме за сигурна и безбедна иднина. Изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој гии покани граѓаните вечер да присуствуваат на општо народната забава за поканите за влез во ЕУ и НАТО.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Доаѓа време на надеж на победи на гордост. Време на сигурност и безбедност. Направивме историски исчекор кој што за Македонија и за граѓаните на Македонија значи почеток на реализација на нашите цели членство во ЕУ и Алијансата. Доаѓа време на економски развој и нови инвестиции. А само со економски развој ќе постигнеме повисок стандард и подобар живот. Само со економска благосостојба ќе го стопираме иселувањето.

 

Доаѓа време на подобар живот за сите граѓании, тука во нашата земја. Оваа позитина енергија за граѓаните на Македонија значи охрабрување во насока на остварување на квалитетен живот во својата земја. Прилеп и Македонија се движат напред, бројни проекти се во фаза на подготовка.

 

Со отворените врати на НАТО и ЕУ со отворените фондови на ЕУ, Прилеп и Македонија ќе станат рамноправен партнер на Европа. И овој чекор како и се досега го постигнавме сите заедно, повторно да се обединиме заедно за нашата подобра иднина, заедно да го прославиме огромниот историски успех на Македонија.

 

Прилеп е еден од 15 градови во кои што денеска се органиизира широка граѓанска прослава по овој повод со ѕвездите од домашната естрада. Затоа ве поканувам сите граѓани на Прилеп денеска во 20 часот во големата прослава во центарот на градот каде што ќе ве забавува „5 + Бенд“. Одиме напред“, изјави Јованоски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи