Заврши 3-тиот по ред „FIS Ролер ски куп“, Ставре Јада убедливо прв во двата дена

Денеска во Круево заврши 3-тиот по ред „FIS Ролер ски куп“, посветен на Тоше Проески, на кој што учествуваа 30-тина учесници од Србија, Грција, БиХ и Македонија. И денеска, како и вчера убедливо прв беше нашиот олимпиец, Ставре Јада.

 

 

„Овие два медали ги посветувам на прерано починатиот Тоше Проески на кого е посветен овој ролер ски натпревар.  За разлика од вчера коха бев премногу пред останатите натпреварувачи, денес решив малку да го намалам темпото, да не форсирам затоа што за 5 дена ме очекуваат други 2 напорни трки во Грција, каде конкуренцијата ќе биде далеку посилна отколку тука во Крушево“, изјави Ставре Јада.

 

FIS ролер ски куп се одржуваше помеѓу Општините Кривогаштани и Крушево, во должина од околу 12 км. Инаку Ролер скиите се замена за скијање во летни услови. Организатор е скијачката федерација на Македонија, од каде се надеваат дека овој куп ќе стане традиционален со уште повеже гости од целиот Балкан.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи