ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Се планира испуштање на вештачкото езеро кај Прилеп

Паралелно со штетните политики за државните национални интереси, оваа ненародна власт продолжува со криминалните политики на штета на граѓаните на Р. Македонија, а посебно она што нас не засега, на штета на граѓаните на Општина Прилеп. Истакнаа денеска на прес конфренција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„До денес оваа ненародна власт не исплати ни денар за штетата од невремето, а веќе самата власт денес прави нова штета на земјоделците.

 

Почитувани земјоделци, денешнава прес конференција е со цел да ве информираме, да алармираме и воедно да го предупредиме директорот на АД Водостопанство за штетата која ја прави.

 

Дали од денес, по наредба на директорот започна да се испушта 3.500 метри кубни вода од вештачкото езето во Прилеп, која исклучиво служи за наводнување на земјоделските површини, т.е. на прилепското поле?

 

Штетата ќе биде голема како за земјоделците, така и за претпријатието. А сигурно и за животниот и растителниот свет во езерото.

 

Земјоделците треба да знаат оти со ова, следната сезона можно е да нема вода за наводнување.  Дали сте размислиле што ќе се случи ако нема дождови и снегови, како би се наполнило езерото?

 

Што ќе наплаќа претпријатието кое го раководите?

 

Дали се вистина информациите кои стигнаа до нас, оти се работи за странска донација од 9 милиони денари, а сте решиле да ги потрошите за промена на шибер, кој не е ни битен?

 

Ако е така, зарем не мислите дека најдобро е парите да се пренаменат за подобрување на линиите за одводнување и наводнување?

 

Ако сега се испразни езерото, нема теоретски шанси да се наполни до наредната сезона. Ве повикуваме итно да запрете со овој ваш проект за празнење на езерото, а ги повикуваме со свое мислење за ова да се вклучат и земјоделците и екологистите. Во случај да пробате да манипулирате тои ова не е вистина, на наредна прес конференција ќе ги приложиме и снимките на кои се гледа испуштањето на водата“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи