Македонија ја прославува Светската недела на вселената

Facebook
Twitter
Email
Print

Годишната прослава на Светската недела на вселената во Македонија почнува денеска со темата „Вселената го обединува светот“. Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета Земја и во вселената.

„Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената и да ги едуцираат и инспирираат младите“, велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, Марина Таневска и Дора Локвенец

 

Во оваа иницијатива изминатата 2017 година се вброија 3.700 настани во 80 земји, меѓу кои и Македонија, а оваа година се очекува бројот на настани да е уште поголем.

 

Годинашните активности на Неделата на вселената во Македонија вклучуваат неколку предавања и работилници за деца од различни возрасти и посета на мегалитската опсерваторија Кокино.

 

Во текот на наредните седум дена на официјалната Фејсбук страница ќе може да се научат интересни факти за вселената, како дел од серијалот на објави #ДалиСтеЗнаелеДека.

 

Локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија ги повикуваат сите вљубеници во вселената и небесните тела да се вклучат во иницијативата и да ги посетат настаните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи