„Никоб“ ќе ја обезбедува Владата за три милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Агенцијата за обезбедување „Никоб“ за три милиони евра ќе обезбедува 30 државни објекти во наредните три години. Оваа агенција го доби тендерот и потпиша договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

 

Од презентираните податоци видливо е дека биле дадени три понуди, од коишто најниската била за 8.500 евра пониска од највисоката понуда и изнесувала 2,61 милиони евра (без ДДВ). Избрана е агенцијата „Никоб“, којашто во следните за три години, колку што е важноста на тендерот, годишно ќе добива по речиси милион евра од Владата односно од Службата за општи и заеднички работи.

 

Следните три години, според барањата на тендерот, Агенцијата ќе треба физички да ги обезбедува обектите на државните органи, да ја гарантира  личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа и да одржува ред во просторот што се обезбедува. Под нејзина надлежност ќе биде и видео-надзорот на објектите.

 

„Никоб“ ги обезбедува и општината Ѓорче Петров за 140 илјади евра и Градот Скопје чиј тендер тежеше 125 илјади евра како и 23 училишта во Скопје за 160 илјади евра и други јавни институции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи